Празнична вечерна богослужба во Соборниот храм-2021

На 7.12.2021 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, чиноначалствуваше со Празничната вечерна богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.








Но пак се обновивме со милосрдието на Човекољубецот Бог и на првиот рајски пат имаме многу наставници кои можат да нè воведат во првобитниот рај: покајанието, солзите и воздишките. Зашто покајанието е незаоден светилник на душата; преку него разбојникот, откако се просветли на крстот, во рајот се всели; преку него и блудницата, откако си го озари умот и го прими изворот на солзи, миејќи
·Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“.

Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина. 
Хорот на Братството на Свештената Бигорска Обител настапи на Правиот меѓународен фестивал на византиска музика во Атина. Ова е за прв пат хор од нашата Црква да настапува на настан од ваков вид во Грција, така што самото тоа претставува голем исчекор во зближувањето на двата православни братски народи.
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели.
































