Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)
Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница со Бог се осветува или очистува и целиот човек. Затоа „само нозете“.


Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов никогаш не е под сомнеж, туку поради љубовта на Марта, Марија и Лазар кон Богочовекот Христос.
Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш „не“ од позиција на паднатост и гревовност, а друго е на Бог да Му кажеш „не“ од позиција на син Божји по благодат. Преку првото човек постепено се демонизира, а преку второто покажува дека се реализирал, ја достигнал својата полнота.
За твојата заедница со Него, сите ние коишто те познаваме знаеме и сведочиме, но јас тука пред овој свештен собор можам да посведочам за твоите последни денови, во коишто го живееше своето лично распнување, трпеливо, спокојно со целосрдечна благодарност, баш онака како што нè учеше нашиот духовен отец.
Зарем можеме да ги споредиме Светата причест со Богојавленската вода. Суштината и врвот на нашето духовно живеење е причестувањето со Светата Причест односно примањето на Самото Тело и Крвта на Нашиот Господ Исус Христос додека примајќи ја Богојавленската вода ние само духовно се укрепуваме. Воопшто се неспоредливи овие две работи како по нивната суштина така и по нивното духовно значење.
Што значи тоа во пракса? Кога некој ќе нè повреди, ние во тој момент не размислуваме за оправданоста или неоправданоста на неговата постапка, туку нашето внимание е свртено кон тоа дали нашите мисли, зборови и дела во тој момент се согласни со Христовите или не!? Дали во мојот ум и срце се случува истото тоа што и во Христовиот ум и срце при таков случај?
Таков е нашиот Бог, во Кого ние веруваме и Кој е љубов и правда! Пројавувањето на Неговата правда ние, исто така, го гледаме за време на Неговиот земен живот. Спасителот - постојано ги изобличувал книжниците, митарите и фарисеите за нивните беззаконија; со бич ги изгонил трговците од храмот, кои домот за молитва го претвориле во разбојничко гнездо.
Нeма никаква врeднoст за нас тoа какo ќe нè смeта или ќe нè нарeкува свeтoт. Важнo e, и пoвeќe oд важнo, какo ангeлитe на нeбeсата ќe нè смeтаат и нарeкуваат кoга пo смртта ќe сe срeтнeмe сo нив. Тoа e oд судбoнoсна важнoст и сeтo oстанатo e ништo. Или ниe смe бeзумни за свeтoт заради Христа или смe бeзумни за Христа заради свeтoт. Нo кoлку e краткoтраeн збoрoт свeтски!
Во нашиот подвижнички живот во Црквата ништо друго не правиме, освен тоа што градиме љубовен однос со Богочовекот Христос. Црквата е Богочовечка тајна во којашто ја живееме тајната на воплотувањето Христово – вистината дека Бог толку Го возљуби човекот што се поистовети со него, дојде во овој свет воплотувајќи се, стана човек.
Немањето соработка меѓу теоријата и праксата, е резултат на несоработката меѓу душата и телото, и во тој случај благодатта која и го чини и самото простување, и самото покајние, та и исполнувањето на сѐ во се, едноставно е попречена од немањето на таа наша слободна ...
Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се уверени дека се праведни, и се надеваат единствено на својата праведност, а сите останати луѓе ги понижуваат и презираат.
Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (Матеј 3, 14). Зборови што значат токму ова: „И удостој ме, преку мене – недостојниот и грешен Твој слуга, да Ти бидат принесени овие Дарови, [внимавајте!] зашто Ти си Тој Кој принесува и се принесува, Кој прима и Кој се раздава, Христе Боже наш...“
Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште не е. Со јазикот на православната теологија овие периоди уште се наречени: Сенка, Икона и Вистина.
И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина. Oд тoј брак сe рoдил Oвид, таткoтo на Јeсeј и дeдo му на царoт Давид. Рута сe пoнижила дури дo прoсјачка, а Бoг ја 


























